Угостителите и скопјани најголеми неплаќачи

Bez autora
Jul 24 2011

Угостителите и трговците на мало се оние кои најмногу се обидуваат да го заобиколат законот, покажале засилените даночни контроли на инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП). Од спроведените 233 контроли во текот на овој месец во делот на фискализацијата, инспекторите изрекле казни за 191 фирма. Покрај угостителите и трговците на листата на оние кои се обидуваат да плаќаат помалку данок се и нотарите и стоматолозите. Но, не толку вешти се и некои даночни службеници во УЈП кои криејќи се зад семејните бизниси, ја поттикнуваат сивата економија, наместо да делуваат во нејзино намалување. Најмногу казни (за 81 фирма) со вкупно 109.600 евра се изречени во Скопје. Казните се движат од 200 евра за неиздавање фискална сметка, 4.000 евра за оние кои по втор пат направиле ист прекршок, до забрана за вршење дејност од 30 дена. Ова е уште една потврда дека во Македонија не е веќе исплатливо да се работи незаконски.

Угостителите и скопјани најголеми неплаќачиУгостителите и трговците на мало се оние кои најмногу се обидуваат да го заобиколат законот, покажале засилените даночни контроли на инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП).

Од спроведените 233 контроли во текот на овој месец во делот на фискализацијата, инспекторите изрекле казни за 191 фирма.

- Покрај угостителите и трговците на листата на оние кои се обидуваат да плаќаат помалку данок се и нотарите и стоматолозите. Но, не толку вешти се и некои даночни службеници во УЈП кои криејќи се зад семејните бизниси, ја поттикнуваат сивата економија, наместо да делуваат во нејзино намалување - наведуваат од Управата за јавни приходи.

Најмногу казни (за 81 фирма) со вкупно 109.600 евра се изречени во Скопје. Казните се движат од 200 евра за неиздавање фискална сметка, 4.000 евра за оние кои по втор пат направиле ист прекршок, до забрана за вршење дејност од 30 дена.

- Ова е уште една потврда дека во Македонија не е веќе исплатливо да се работи незаконски - истакнуваат од УЈП.

По Скопје следи Охрид, каде што контролите покажаа дека во екот на туристичката сезона сите 34 контролирани објекти направиле прекршок во делот на фискализација. Контроли се спроведени во Тетово и Гостивар каде се изречени 26 казни, во Куманово 14 казни, Велес 11, Прилеп и Битола 10, Струга и Ресен 8, Струмица 4 и Неготино 3.

По претходно добиени анонимни пријави на линијата 198, УЈП има евидентирано и шест случаи во кои зад семејниот бизнис се криеле раководните лица на подрачните единици на УЈП во Пробиштип, Неготино и Охрид, односно даночен инспектор и даночен контролор во Тетово и даночен извршител во Кочани.

- Во услови на максимална отвореност и услужна ориентираност на даночната администрација, недозволиво е поедини фирми и лица да ја нарушуваат фискалната дисциплина. Ова посебно се однесува за вработените во УЈП кои делуваат спротивно на интегритетот и кодексот на етика на даночните службеници, за кои се преземаат конкретни мерки од страна на Единицата за професионални стандарди на Управата - стои во соопштението на УЈП.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik